Македонија е 29-та во светот по извоз на вино, со инкасирани 51.831.000 долари во 209 година. Тоа претставува пад од 13,9% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на Worlds top exports.
На глобално ниво, извозот на вино достигна вредност од 36,1 милијарда долари во 2019 година, што е за 4,2% помалку во однос на 2018 година.
Франција беше најголем извозник со удел од 30,4% или 11 милијарди долари. Меѓу петте најгооеми извозници во 2019 година беа и: Италија (7,3 милијарди долари), Шпанија (3,1 милијарда долари), Австралија (2,1 милијарда долари) и Чиле (1,9 милијарди долари).
Од земјите во регионот, Грција е најголем извозник со 89 милиони долари, а потоа следат: Бугарија (39,5 милиони долари), Србија (20,8 милиони долари), Хрватска (18,2 милиони долари), Словенија (17,7 милиони долари), Црна Гора (14,1 милион долари) и Босна и Херцеговина (четири милиони долари).
Фото: Freepik