Дали имате доволно дневна светлина во домот?

42

Во текот на минатата година, 4,9% од луѓето во Европска унија (ЕУ) немало доволно дневна светлина во домот, што значи дека во станот им е премногу темно и тоа претставува проблем за домаќинството кое живее во такви услови, покажуваат податоците на Eurostat.

Во Македонија, во текот на 2018-та година, 4,6% од луѓето се соочиле со таков проблем во домот во којшто живеат.

Секој 10-ти жител на Малта смета дека неговиот стан е премногу темен, што ја прави земјата со највисок процент (10%) меѓу земјите членки. По Малта, следуваат Португалија (8,2%), Унгарија (8%) и Латвија (7,9%).

Од друга страна, најмал процент е забележан во овие земји: Словачка (2,8% – податок од 2018 година), Чешка (2,9%), Италија (3,2% – податок од 2018 година), Кипар (3,2%) и Холандија (3,3%).

Од земјите во регионот, најмалку дневна светлина има во домовите во Србија (7,9%). Потоа следуваат: Црна Гора (7,1% – податок од 2018 година), Грција (5,3%), БУгарија (5%), Хрватска (4,3%) и Словенија (4,2%).

Фото: Freepik