Дали Македонија извезува платина?

97

Извозот на платина минатата година достигна ниво од 40,7 милијарди долари, што за 25,9% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Јужна Африка има најголем удел во извозот, 20,4%, од што инкасираше 8,3 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници на платина во светот лани беа и: Велика Британија (6,9 милијарди долари), Русија (5,1 милијарда долари), САД (4,7 милијарди долари) и Германија (4,1 милијарда долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на платина лани имала Србија од 5,4 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (262.000 долари), Словенија (215.000 долари), Грција (126.000 долари) и Хрватска (34.000 долари).

И Македонија ја има на листата на извозници на платина, чиј износ лани беше скромни 1.000 долари.

Фото: Freepik