Дали му доаѓа крај на работното време од девет до пет?

50

Дали изненадува фактот што пократката работна недела значи позадоволни и среќни вработени, поголема продуктивност и поголем економски раст?

Кога за прв пат слушнав за петчасовното работно време, главниот директор на Blue Street Capital, Дејвид Роас, помислил дека токму тоа сака да им го овозможи на своите вработени.

Неговата компанија, чие седиште е во Калифорнија, организира финансирање на бизнис ИТ системи. Кога ја видел статијата дека компанијата Tower Paddle Boards, којашто продава даски за сурфање, вовела петчасовен работен ден, бил заинтригиран, пишува The Guardian.

Инаку, Стефан Астрол ја основал Tower Paddle Boards во 2010 година, а бил уверен дека може да ја користи оваа стратегија за да го промени начинот на работа. За да се фокусираат на своите најважни задачи, вработените користеле технологија за автоматизација на рутински задачи и така ги олеснувале своите тешки задолженија. Сметал дека на таков начин работата ќе биде поефикасна, а ќе добие и повеќе време за сурфање.

Од таа причина, во 2015 година на своите вработени им понудил договор: Ако сфатите како да ја работите истата работа за помалку време, може да ја задржите истата плата и да си одите дома во 13 часот. Исто така, спровел и план за поделба на 5% од добивката, со што дополнително им се зголемила платата на вработените. Во моментот кога ја најавил промената, Tower забележал дневен рекорд, продавајќи даски и опрема за сурфање во вредност од 50.000 долари. До крајот на месецот, продажбата надминала 1,4 милиони долари, надминувајќи го дотогашниот рекорд од 600.000 долари.

Дејвид постојано бил во потрага по нови начини за решавање на предизвиците со коишто се соочува. Имал лојални вработени, но помислил дека би било многу подобро доколку се намали бројот на работни часови, со цел да се скратат сите “непродуктивни глупости што ги правиме во текот на денот“.

“Сакам да имате начин на живот како мојот и верувам дека ќе бидете успешни, како што сум и јас или уште поуспешни, како резултат на овој чекор“, им рекол Дејвид на вработените.

За само три месеци, биле забележани првите големи резултати. Поголем обем на работа, одржување на контакти со клиенти, привлкување на нови клиенти… Фактори што му овозможуваат раст на долг рок.

Од моментот кога го скратил работното време, повиците на неговите вработени кон клиентите биле двојно зголемени. Со тоа, приходите почнале да се зголемуваат, 30% првата година, уште 30% следната, а во исто време се зголемил и бројот на вработени – од девет на 17.

Иако живееме во свет како драгстори што работат 24/7 во услови на немилосрдна конкуренција што никогаш не спие, сепак во последните неколку години голем број компании од различни индустрии го следеле примерот на овие компании: скратено работно време, без да се намали платата, ниту да се намали продуктивноста и да се жртвува квалитетот на животот на вработените.

Фото: Pexels