Дали облеката е пресудна за да ја добиете работата?

125

Експертите за човечки ресурси уште во првите 30 секунди знаат дали ќе вработат одреден кандидат. Во тие секунди, тие може да го оценат однесувањето и изгледот на потенцијалниот вработен. Работодавачот нема да толерира неуредност, лош вкус и несоодветна облека.

Бојата на облеката како клуч за добивање работа

Се верува дека сивата боја асоцира на професионализам и логика. Кандидатите кои носат бела облека, оставаат впечаток дека се добро организирани, додека црната боја асоцира на лидерство. Се верува дека портокаловата боја е одраз на непрофесионализам. Експертите сметаат дека сината е боја на тимски играчи.

Силните и впечатливи бои не се за на интервју за работа

Силни бои или екстравагантен крој на облеката може да остави впечаток дека кандидатот сака да привлече внимание по секоја цена и да влијае негативно. Ако вашата природа бара да се истакнете по нешто, кога е во прашање облеката, тогаш изборот нека падне на некој детаљ, како што е брош, часовник или очила.

Ако не ви е удобно, тоа веднаш ќе се забележи

При избор на облека за интервју, освен за формален изглед и нијанси, важно е да се чувствувате удобно. Во спротивно, целото ваше внимание ќе биде насочено кон некој дел од облеката, наместо на прашањата што ви ги поставуваат работодавачите. Затоа, одберете памучна облека во којашто ќе ви биде пријатно, нема да ви пречи, да ве боцка и да ви го одвлекува вниманието.

Фото: Pexels