Дали сакате чоколадо?

63

Дали некој може да одолее на барем една коцка млечно, со лешници, со суво овошје, полнет со крем или можеби со луто пиперче… Не верувам дека некој може да остане рамнодушен на чоколадото, го сакаат сите генерации, а експертите велат дека умерена количина на чоколадо е здраво за секој човек.

Подолу ви откриваме неколку интересни фактори, поврзани со нејзиното величество – чоколадата.

За половина килограм чоколадо, потребни се околу 400 зрна какао

Секое дрво со какао произведува околу 2.500 зрна

Во Месопотамија зрната какао биле вреднувани и користени како платежно средство

Еден фармер треба да почека четири до пет години за да може дрвото да ги даде првите зрна

Theobroma Cacaois е името на дрвото што ги дава зрната какао, а во превод значи: храна за боговите

Берењето на зрната какао се одвива рачно, бидејќи ако се берат машински може да се оштетат зрната

Чоколадото има над 600 различни вкусови. Меѓу оние што се необични, па дури и најголемите љубители не се сигурни дали би ги пробале се овие вкусови: сланина, тутун, солено чоколадо, со вкус на чај или сирење, од млеко од камила, чоколадо прекриено со инсекти или со чили пиперче.

Експертите се поделени околу тоа дали белото чоколадо е навистина чоколадо, бидејќи се произведува од путер од какао, млеко и ванила.

Фото: Pixabay