Дали се чувствувате како продавач?!

25

prodavac

Фото: Pexels

За тие што не сте во продажба, слободно може да го прочитате текстот и вие, бидејќи секако е апликативно за што и да работите во моментов.

Ова прашање го поставувам на сите продажни обуки, кога почнуваме да зборуваме за продавачот и за неговите карактеристики. „Продавачи, дали се чувствувате како продавачи?!”

Што било да работите, дали продажба или некоја друга функција, најважно е да се поистоветите со функцијата, со работните задачи и со одговорности. Со цел да остварите максимални резултати во работата, вие мора да ја чувствувате вашата работа и позиција како дел од вас самите. Да се чувствувате пријатно и задоволни од тоа што го работите. Но, ние често не се поистоветуваме со нашата работа поради различни причини. На пример:

  • Нашето формално образование не е соодветно на позицијата што ја работиме – не ретко се случува некој да има учено една област, а да работи нешто сосема друго. Поради тоа, може да имаме одбивност, неприфаќање на тоа што го работиме.
  • Едноставно не ја сакаме работата што ја работиме – честа е практиката, поради пополнување на слободно време или егзистенција или, пак, од некоја друга причина, да сме прифатиле некоја работа што не ја сакаме. Ова лесно може да се забележи во услужната дејност, каде што се гледа дека келнерите не ја сакаат работата што ја работат.
  • Можеби нè натерале – понекогаш, се случува, а најмногу во фамилијарните бизниси, некој од фамилијата да не сака да ја извршува некоја работа/позиција, а сепак поради родителите или ситуацијата, да се присилени да ја прифатат работата и да работат.
  • Не веруваш во себе – не веруваш во себе и во своите квалитети и способности. Поради тоа не веруваш дека може да ги сработиш зададените задачи најдобро и затоа одбивно ја гледаш твојата работа. Нешто кое го знаеме е дека сè може да се научи и да се совлада. Сè е техника и со доволно вежбање секоја зададена задача може да се совлада.
  • Не веруваш во производот: која и да е причината, или смени ја перспективата или смени ја работата.

Еден од најголемите проблем, зошто ние сме исцедени после работниот ден, е тоа што не ја сакаме многу својата работа. Имаме одбивност, тешко ни е само да помислиме на извршување на секојдневните задачи, а уште потешко при нивното реално извршување. Кога правиме нешто што не го сакаме, секогаш трошиме многу повеќе енергија, отколку кога правиме нешто со љубов.

Не е важно каква работа работите, дали го правите она што сте мечтаеле цел живот или го правите она што сте мислеле дека никогаш нема да го правите. Штом го правите, и сте одбрале да го посветите вашето време, и штом ви носи некаков бенефит (финансиски, временски, едукативен, контакти…), тогаш сакајте го и најдете нешто убаво и нешто што ќе ве мотивира да станувате лесно од кревет и да се полните од тоа што го работите секој ден.

Со успех во брзите промени.

Ако имате прашање за Петар Лазаров, можете да го поставите на Бизнис советник.