Дали технологијата ја убива креативноста?

89

Paul Papadimitriu

Технологијата влијае на начинот на кој се создава содржината. Благодарение на технолошкиот напредок полесно се стигнува до ресурси, со само еден клик достапни се илјадници содржини за одредена тема.  Но, прашањето околу кое се дебатира е дали технологијата ја убива креативноста?

Според Пол Пападимитриу “се фокусираме на технологијата затоа што таа изгледа магично, секси. Тоа е всушност нејзината улога, да ја извади на површина и да ја ослободи човековата еманципација“. Во своите бројни говори и настапи на тема технологија, Пол потенцира дека технолошкиот напредок влијае на сите човекови активности, без исклучок.

За креативците пак, како што е Дејв Бирс, технологијата овозможува неверојатна демократизација на креативноста.

“Таа овозможува распространување на креативноста, па денес секој може да биде креативен. Технологијата нѐ ослободи од стегите, што значи дека сега не мора да бидеш во маркетинг индустријата за да создаваш креативни дела“, додава тој.

Пол и Дејв ќе бидат помеѓу говорниците на AllWeb, конференција за дигитален маркетинг, што ќе се одржи на 13 ноември во Скопје. Пред публиката ќе се обидат да одговорат на прашањата за поврзаноста на технологијата и креативноста, но и за дигиталната револуција и како таа влијае на традиционалните бизнис модели.

Пол Пападимитриу е основач е на Intelligencr, компанија за развој на стратегии за иновација, преку која тој го пренесува дигиталниот свет, светот на мобилните и социјалните медиуми во бизнис искуство обликувано за новиот потрошувач. Тој е ко- домаќин на LeWeb, а има зборувана поред публика на сите континенти.

Дејв Бирс имал повеќе креативни кариери. Тој бил музичар, стендап комичар, поет, илустратор и графити уметник. Бил и креативен директор на некои од најдобрите и најголеми агенции во Лондон: McCANN, OgilvyOne, POKE, nice agency. Денес е уредник на видео одделот на The Drum, магазин за медиуми и рекламни агенции.

Повеќе информации за говорниците и програмата на AllWeb може да се најдат на www.allweb.mk. Влезниците за конференцијата веќе се пуштени во продажба.