Дали треба да кажете „те молам“ и „благодарам“ кога комуницирате со четбот со вештачка интелигенција? Одговорот не е толку едноставен

Да се биде љубезен кон чет-бот или третирај го како машина? За многу корисници ова е дилема за која размислуваат. Еве што велат тие што управуваат со нив.

Дали користите чат-ботови со вештачка интелигенција како ChatGPT, Perplexity или Gemini? И како сте во комуникација со нив? Дали сте од оние корисници кои доаѓаат, поставуваат прашање, добиваат одговор и продолжуваат понатаму или целиот разговор го водите со четбот?

За многу корисници, некако стана природно да комуницираат со четботот како со друго лице, што вклучува поздрави, благодарност за добро завршената работа или едноставни прашања…

Иако компаниите кои развиваат системи за вештачка интелигенција ги поттикнуваат корисниците да водат природен разговор со нив и да се поврзат на емотивно ниво, факт е дека тоа ги чини огромна сума пари. А тоа го потврди и шефот на OpenAI, Сем Алтман.

Кога на платформата X еден од корисниците го постави прашањето „колку пари изгуби OpenAI во трошоците за електрична енергија кога корисниците рекоа „ве молам“ и „благодарам“ на нивните модели со вештачка интелигенција“, Алтман беше подготвен со одговор.

Добро потрошени десетици милиони долари – никогаш не се знае, одговори Алтман.

Иако неговиот одговор не дава точна сума, вториот дел од одговорот „никогаш не се знае“ сугерира дека корисниците сепак треба да бидат љубезни во нивните интеракции со чет-ботови.

Мајкрософт го сметаше за добра практика бидејќи „помага да се создадат подобри одговори“.

Користењето љубезен јазик го поставува тонот за одговорот. Кога вештачката интелигенција ќе открие љубезност, поверојатно е да биде љубезна. Генеративната вештачка интелигенција исто така го имитира нивото на професионализам, јасност и детали во прашањата што ги поставувате, објасни Microsoft.

Но, добрината има своја цена. Иако може да ја направи комуникацијата со чет-ботови со вештачка интелигенција попријатна, сите тие дополнителни зборови ставаат дополнителен товар на системот, трошејќи повеќе електрична енергија.

Според некои проценки, центрите за податоци што се користат за чат-ботови со вештачка интелигенција веќе трошат околу два отсто од светската потрошувачка на електрична енергија. Проекциите покажуваат дека овој процент ќе расте само додека вештачката интелигенција ги освојува нашите животи.

Затоа, следниот пат кога ќе сакате да разговарате со четбот со вештачка интелигенција, размислете колку електрична енергија ќе потроши вашиот разговор и наместо тоа, свртете се кон разговор со пријателите или членовите на семејството. Нашата планета ќе ви се заблагодари.
Фото:Pixabay