Дали вака ќе изгледаат плажите по пандемијата?

207

Многу земји кои зависат од туризмот со причина се загрижени како ќе изгледа летната туристичка сезона во 2020 година. Се претпоставува дека падот на прометот ќе изнесува најмалку 60%, меѓутоа Италијанците активно размислуваат за тоа како да се спаси сезоната.

Ако ограничувањата се укинат во текот на летото, дали ќе им биде дозволено на луѓето да одат на плажа, и ако е така, како ќе изгледа таа нова реалност?

Постојат неколку работи кои е потребно да се обезбедат оваа година на плажите, но најважно е да се гарантира социјалната дистанца меѓу капачите.

Компанијата од Римини, Nuova Neon 2, специјализирана за кровови, штандови и прозори осмисли како безбедно може да се оди на плажа. Тие предлагаат монтажна транспарентна кабина со големина 4,5×4,5 метри, изработени од плексиглас и алуминиумски профили.

Во преградите  во форма на коцка, може да се сместат две лежалки и чадор, а останува и слободно место за луѓето да се движат.

Фото: Facebook