Дали ви ѕвони шефот кога не сте на работа?

83

Во рамки на Европската унија, 17% од вработените неколку пати добивале повик од нивниот претпоставен надвор од работното време во текот на 2019-та година. Кај мажите тој процент (20%) е поголем одошто кај жените (14%), покажуваат податоците на Eurostat.

Околу 10% од вработените во ЕУ, кои добиле повик од нивниот претпоставен надвор од работното време, се соочиле со задача што треба да ја извршат или во тој момент или пред почетокот на следниот работен ден.

Најмногу повици од своите шефови добивале вработени во секторот недвижнини (18%). Потоа следуваат: информатика и комуникации (15%) и административни, научни и технички дејности (14%).

Анализирано по работна позиција, менаџерите се оние кои најчесто добивале повик од нивниот претпоставен додека не се на работа (28%).

Фото: Pexels