Дали во домот имате доволно место за сите?

52

Во Европската унија, 17,2% од населението живеело го пренатрупани домаќинства во текот на минатата година. Тоа значи дека немале доволно простории во домот во споредба со големината на домаќинството. Пренатрупаните домаќинства може да бидат уште помали во случај кога има мали дечиња кои си играат додека нивните родители работа од дома за време на пандемијата.

Од друга страна, 32,7% од жителите на ЕУ живееле во стан што им бил премногу голем, во однос на бројноста на соби.

Меѓу земјите во ЕУ, во пренатрупани домаќинства најмногу живеат жителите на Романија (45,8%). По Романија следат: Латвија (42,2%), Бугарија (41,1%), Хрватска (38,5%) и Полска (37,6%). Најмал процент на пренатрупани домаќинства имаат: Кипар (2,2%), Ирска (3,2%), Малта (3,7%) и Холандија (4,8%).

Податоците на европската статистика покажува дека голем е процентот и на луѓе кои живеат во станови што им се поголеми од нивните реални потреби. Води Малта со (72,6%), а потоа и Кипар (70,5%) и Ирска (69,6%). По нив следат земји како што се: Шпанија (55,4%), Луксембург (54%), Белгија (53,9%) и Холандија (53,4%).

За разлика од нив, најмал процент имаат: Романија (7,7%), Латвија (9,6%), Грција (10,7%), Бугарија (11,5%) , Хрватска (12%), Словачка (14%) и Италија (14,2%).

Фото: Freepik