Мексико минатата година извезе пиво во висина од 4,5 милијарди долари, што е околу 30% од вкупниот извоз на овој пијалак.
Зад Мексико, се најдоа и: Холандија (две милијарди долари), Белгија (1,8 милијарди долари), Германија (1,4 милијарди долари) и САД (737 милиони долари).
Од земјите во регионот, Србија е најдобро позиционирана, на 30-то место со извоз на пиво од околу 55 милиони долари. Едно место подолу е Хрватска со извоз во вредност од 52 милиони долари, додека Словенија е 35-та со извезено пиво во висина од 40 милиони долари. Грција е 44-та во светски рамки со извоз вреден 21 милион долари, додека Бугарија се позиционираше на 53-то место со 9,4 милиони долари извоз на пиво.
Македонија е 69-та земја во светот по извоз на пиво во вредност од 3,4 милиони долари, додека зад нас е Црна Гора со извоз од околу три милиони долари.
Од 164 земји во светот, на дното се најдоа: Соломонски Острови, Лесото и Аруба.
Фото: Pixabay