Дали знаете како некои брендови си го добиле името?

27

Дали некогаш сте се запрашале како одредени брендови во светот го добиле своето име? На пример, зошто телефонот се вика BlackBerry… Одговорот го има Дејвид Плејцек, кој заедно со неговата компанија Lexicon Branding, три децении им помага на компаниите да ги именуваат своите производи, пишува CNN.

Меѓу поголемите и попознати клиенти на Lexicon Branding се: Intel, Apple, Procter & Gamble и Coca – Cola.

Оваа компанија, чие седиште е во Калифорнија, стои зад името Pentium – брендот на Intel за компјутерски процесори, PowerBook на Apple и многу други.

За Плејцек, приказната за именувањето на телефонот BlackBerry е најинтересна.

Во 1998 година, компанијата Research in Motion побара помош од Плејцек за пронаоѓање име на нивниот нов паметен телефон. Направиле кратко истражување меѓу случајни гости во Starbucks, на кои им ветиле по 10 долари ако одвојат пет минути од нивното време. Главната идеја била името да асоцира на летен одмор или свежо овошје. Меѓу предлозите биле strawberry (јагода), а некој напишал и blackberry (боровинки), што им го привлече вниманието.

“Потоа заминав за Ватерлу и го претставив името Blackberry на компанијата. Директорите мислеа дека сум луд. Јас им реков дека ќе успее бидејќи ниту еден од нивните конкурентни немаа храброст да му дадат на својот уред име како што е blackberry“, вели тој.

Остатокот, како што пишува CNN, е историјата. Компанијата Research in Motion во 2013 година го смени своето име во BlackBerry.

Фото: Pixabay