Дали знаете кои се најголеми извозници на ќебиња во светот?

46

Овој период од годината, кога живата на термометарот е околу и под нула, ќебињата се многу популарни. Ги има во различни големини, материјали, нијанси, но дали знаете кои се најголеми извозници, а кои земји најмногу увезуваат ќебиња во светот?

Според податоците на Observatory of economic complexity, nајголем извозник во светот е Кина со продадени ќебиња во вредност од 3,2 милијарди долари. Потоа следуваат: Индија (212 милиони долари), Германија (68,5 милиони долари), Пакистан (62,4 милиони долари) и Турција (53,3 милиони долари).

Од друга страна, како најголем увозник фигурираат САД со 1,21 милијарди долари увезени ќебиња. По нив се: Јапонија (217 милиони долари), Обединети Арапски Емирати (203 милиони долари), Германија (183 милиони долари) и Велика Британија (138 милиони долари).

Фото:Pexels