Уметничките слики, освен естетска, имаат и голема материјална вредност. САД се најголем извозник на уметнички слики, па така минатата година инкасираше скоро 11 милијарди долари, што е скоро половина од вкупниот извоз во светски рамки.
Велика Британија е втора по извоз на уметнички слики, чија вредност во 2018 година е околу пет милијарди долари, додека на трето место е Швајцарија со извоз од две милијарди долари.
Меѓу 10-те најголеми извозници на уметнички слики се: Хонг Конг (1,1 милијарда долари), Франција (811 милиони долари), Германија (507 милиони долари), Јапонија (293 милиони долари), Сингапур (288 милиони долари), Бразил (224 милиони долари) и Италија (182 милиони долари).
Од земјите во регионот, Грција е 42-ра со извоз од околу два милиона долари, Србија е 10 места подолу со извоз од 1,7 милиони долари. Бугарија и Албанија се на 72-ро, односно 73-то место со извоз од над 500.000 долари. Словенија е 80-та со извоз на уметнички слики во вредност од 301.000 долари, пет места подолу е Хрватска со извоз од 221.000 долари, а Црна Гора е 110-та со извоз од 95.000 долари. Македонија е 122-ра во светски рамки со извоз на уметнички слики од 43.000 долари.
Фото: Pixabay