Дали знаете што е плата за живот – ја воведуваат светски гиганти

232

Мултинационалната компанија за широка потрошувачка, Unilever се обврза дека секој работник кој ја снабдува компанијата со стоки и услуги ќе добива плата за живот до 2030 година.

“Иницијативата ќе важи за 65.000 директни добавувачи и неколку илјади земјоделски компании“, рече шефот за набавки, Дејвид Инграм.

Плата за живот значи плата заработена во стандардна работна недела (не повеќе од 48 работни часа неделно) што треба да биде доволна за покривање на трошоците за храна, домување, здравствена заштита, облека, превоз и образование.

Покрај основните трошоци, платата за живот вклучува околу 10% дополнителни пари за непредвидени трошоци. На кратко, плата за цел живот значи приход од кој може да се живее, да можат работниците да издржуваат себе си и своите семејства од платата.

Unilever е една од најголемите светски компании за производство на стоки за широка потрошувачка, а во нејзиниот синџир на снабдување се вклучени повеќе од 1,5 милиони земјоделци.

Сопственикот на познати брендови како Ben & Jerry’s, исто така, вети дека ќе издвои две милијарди евра годишно до 2025 година, наместо сегашните 300 милиони до 2025 година, за плата за живот.

И најголемите ланци на супермаркети во Германија, вклучително и Aldi и Lidl, потпишаа доброволен договор минатата година за промовирање на плата за живот во нивните ланци за снабдување.

Фото: Pixabay