Далмација воведува нови правила на плажите

36

hr

Сплитско – далматинската жупанија прва во Хрватска ќе воведе прецизен правилник за користење на плажите, во обид да воведе ред. Новиот правилник треба да биде усвоен до крајот на оваа година, а со него се опфатени забрана за оградување на плажите и наплаќање на влез, ќе се ограничат површините на коишто можат да се поставуваат лежалки (веројатно на максимални 40%), а крај морето ќе биде оставен коридор за движење на капачите, пишува Т-портал.

Од полицијата, пак, бараат на плажите што се под концесија да се постават ормарчиња за заклучување на вредни работи, како и да се обезбеди место за велосипеди.