Данците купуваат најскап, а Романците најевтин леб во ЕУ

65

Во текот на минатата година, цената лебот и житарките во Европската унија беа околу трипати повисоки во најскапата земја членка во споредба со цените во најевтината земја од Унијата, покажуваат податоците на Eurostat.

Кога нивото на цените во земјите се споредува со просечната цена во ЕУ со индекс 100, тогаш резултатите покажуваат дека лани цената на лебот и житарките била највисока Данска (51% над просекот на ЕУ), по што следуваат Австрија (33% над просекот) и Луксембург и Финска (по 25% над просекот на ЕУ).

Од друга страна, лани најниски цени на лебот и житарките се забележани во: Романија (53% од просекот на Унијата), а потоа следуваат Бугарија (65%) и Полска (70%).

Околу просекот на цената на лебот и житарките во ЕУ се движат Хрватска, Словенија, Германија и Естонија.

Фото: Freepik