Данците во 2020 година ќе се возат во возови на батерии

72

Данска од наредната година на своите пруги ќе има возови на батерија. Овие возови ќе сообраќаат на две железнички пруги, пишува дански The Local.

Министерот за сообраќај на Данска, Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зиланда и Централен Јутланд да ги пуштат пробните возови на батерии. Планирано е експериментот со новите возови да трае од 2020 година до почетокот на 2021 година.

Данскиот министер верува дека возовите на батерија ќе бидат корисни за климата и ќе помогнат во решавањето на проблемите на малите железници.

“Возовите на батерии би можеле да бидат важен дел од идниот железнички сообраќај во Данска“, вели Енгелбрехт.

Возовите на батерии моментално се користат во тест возења во Австрија, а се тестираат и во Германија. Во Германија во септември минатата година во сообраќај беше пуштен првиот воз на водороден погон, со што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизелските возови коишто го загадуваат воздухот.

Фото: Pexels