Данела Арсовска избрана за најдобра бизнис жена во Југоисточна Европа

233

danela-arsovskaФото: ССК

Претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели во Истанбул, Турција ја доби наградата – Најдобар пример за бизнис жена во Југоисточна Европа.

На форумот имаше вкупно шест добитници од целиот свет, а покрај Арсовска награда добија и Баласз Ракози, државен секретар на Министерство за национална економија на Унгарија и лидер на делегација на Вишеградската четворка, Даун Хетзел од САД, претседател на ЈСК, Филипе Араујо, вице градоначалник на Порто, Потугалија  и Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов.

Светскиот конгрес на бизнис ангели 2018 е домаќин на повеќе од 1.200 делегати од над 70 земји од целиот свет, организирани се пет различни самити на значајни економски теми на коишто дискутираат еминентни личности од политиката, бизнисот, науката, коорпоративната елита.

Целта на Светскиот форум на бизнис ангели е поврзување на бизнис ангелите, менаџерите на фондови, на берзи, извршни директори на коорпорации во насока на размена на најновите информации за движењето на капиталот и паметно инвестирање.