Даниела Арсовска нов претседател на ССК

285

daniela arsovska ssk

Даниела Арсовска е новиот претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во следните две години.

Таа е член на Управниот Одбор на ССК и претседател на Услужната комора. Арсовска ја наследува претседателската функција од Златко Калеников.

“Ќе се залагам за организациски развој на ССК, економски раст на компаниите, иницирање на законски измени и двојно зголемување на членството. Минатата година, Услужната комора со која јас раководам, двојно го зголеми бројот на членови и реализира голем број на активности. Се надевам овој успех ќе го постигнеме и на ниво на ССК“, изјави Даниела Арсовска.

Таа ги охрабри сите членови на ССК да продолжат да придонесуваат со својот ангажман во јакнењето на Сојузот на стопански комори на Македонија, со што ќе инвестираат и во иднината на сопствените компании.