
Според известување доставено до Македонската берза, Стопанска банка АД Битола информира дека членката на Управниот одбор, м-р Даниела Ѓоршевска, поднела писмена оставка од својата функција на ден 5 ноември 2025 година.
Во истото соопштение се наведува дека Надзорниот одбор на банката, на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година, донел одлука м-р Маја Кадиевска Војновиќ да биде именувана за нов член на Управниот одбор.
Одлуката ќе стапи во сила по добивањето согласност од Извршниот одбор на Народната банка на Република Северна Македонија за предложеното лице.
До тогаш, м-р Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција како член на Управниот одбор на банката, стои во известувањето објавено на Македонската берза.











