Даночни власти за првпат конфискуваа NFT

114

Британските даночни власти во понеделникот соопштија дека ја извршиле првата конфискација на незаменливи дигитални токени во акција против наводна криминална организација за перење пари.

Локалната служба за приходи и царина заплени три NFT по истрагата за обид за благајничка измама од 1,4 милиони долари, објави CNN. Запленети се и други крипто-средства во вредност од околу 5.000 фунти.

Ник Шарп, заменик-директор за економски криминал во Службата за приходи и царина, рече дека заплените на NFT, кои сè уште не се проценети, треба да послужат како предупредување за секој што верува дека може да користи криптовалути за да сокрие пари.

„Постојано се прилагодуваме на новите технологии за да се осигураме дека ќе останеме во чекор со начинот на кој криминалците дејствуваат за да ги прикријат своите средства“, рече Шарп.

Незаменливите токени се крипто-средства, што користат блокчејн технологија за снимање на статусот на сопственост на дигитални датотеки – како што се слики, видеа, па дури и елементи во онлајн игрите.