Данон ја напушта Русија

27

Француската компанија Данон ја доби потребната дозвола од руските регулаторни органи да го продаде својот бизнис во Русија. Компанијата ја процени штетата од трансакцијата на 1,2 милијарди евра.
„Компанијата Danone ги доби потребните регулаторни одобренија за трансфер на своите операции во Русија на Vamin R. Завршувањето на оваа трансакција се очекува во наредните недели“, се наведува во соопштението за печатот на компанијата, пренесува Интерфакс.

Францускиот производител на млечни производи потсети дека трансферот на средства е започнат во октомври 2022 година, пренесува Мина.

„Вкупната загуба забележана од Danone на своите сметки изнесува 1,2 милијарди евра“, посочуваат од компанијата.

Според податоците од Единствениот државен регистар на правни лица, фирмата Вамин Р е регистрирана на 25 септември минатата година. Сопственици се Вамин Татарстан со 99 отсто и Руслан Алисултанов со еден отсто.