Данска ќе покрива 75% од платата на работниците, ако нема откази

16

Властите во Данска донесоа одлука да покријат 75% од платите на вработените во приватниот сектор, под услов да не бидат отпуштени од работа, пренесува The New York Times.

Оваа мерка е со цел да им се помогне на приватните компании коишто се соочуваат со финансиски потешкотии поради коронавирусот.

Според тримесечниот план за помош што ќе трае до деветти јуни, државата ќе плати 75% од заработката на работници во максимален износ од 3.418 долари месечно, додека компаниите ќе ги исплатат преостанатите 25%.

Фото: Pexels