Данска од извоз на фармацевтски производи инкасира над 19 милијарди долари

31

Данска во текот на минатата година извезе производи во вредност од 108,3 милијарди долари, што претставува пад од 1,6% во споредба со 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 69,6% од извозот на Данска е насочен кон: Германија (15,7%), Шведска (11,5%), Норвешка (6,9%), Велика Британија (6,5%), Холандија (5,7%), САД (5,6%), Кина (4,1%)…

Данска има популација од 5,8 милиони жители, па извозот по глава жител достигна 18.700 долари.

Најголем удел во извозот на Данска од 17,7% имаат фармацевтските производи од коишто државата инкасираше 19,2 милијарди долари. Потоа следат: компјутери (14,4 милијарди долари), електрична опрема (8,7 милијарди долари), оптичка и медицинска апаратура (4,2 милијарди долари), месо (4,1 милијарда долари)…

Фото: Pexels