Данска планира да користи 100% зелена енергија

54

danska

Благодарение на зголеменото користење на обновлива енергија, Данска од 1999 година не увезува струја. Најмногу инвестира во паркови на ветерници и си зададе задача да биде прва во Европа што ќе користи 100% зелена енергија.

Данска енергијата од ветер ја користи веќе четири децении. Сè започнало од обичните луѓе, занаетчии, на пример ковачи, кои почнале да прават мали ветротурбини. Денес се развиени модерни технологии, а некои од најголемите светски компании во тој домен се во Данска, јавува РТС.

Данска преку 40% од потрошувачката на енергија ја покрива од обновливи извори, а планира до 2050 да ги исфрли фосилните горива јаглен и нафта.