Данска развива дигитален корона пасош

25

Данската Влада соопшти дека ги здружува силите со бизнисите за да развијат дигитален пасош што ќе покажува дали луѓето се вакцинирани против коронавирус, што би им дозволило да патуваат, а воедно ќе помогне да се намалат ограничувањата во јавниот живот.

Министерот за финансии, Мортен Бедсков соопшти дека за три или четири месеци, дигиталниот пасош за коронавирус ќе биде подготвен за употреба, на пример, за службени патувања.

“За нас е многу важно да можеме да го рестартираме данското општество за компаниите да можат да се вратат во колосек. Многу дански компании се глобални компании, целиот свет е нивен пазар“, додаде Бедсков.

Како прв чекор, кон крајот на февруари, данските граѓани ќе можат да видат на данската здравствена веб страница официјалната потврда дали се вакцинирани.

“Тоа е дополнителен пасош што можете да го имате на вашиот мобилен телефон со кој се документира дека сте вакцинирани. Можеме да бидеме меѓу првите во светот што го имаме и можеме да му го покажеме на остатокот од светот“, рече данскиот министер.

Фото: Pixabay