Данскиот фармацевтски гигант инвестира повеќе од две милијарди евра во Франција

58

Данскиот производител на лекови „Ново Нордиск“ соопшти дека ќе инвестира 16 милијарди круни (2,15 милијарди евра) во проширување на капацитетот за производство на лекови за дебелина во Франција. Градежните работи ќе завршат до 2028 година, а новите капацитети значително ќе ги зголемат производните капацитети за сегашното и идното портфолио на производи за тешки хронични заболувања, потенцираат од Ново Нордиск.

„Така, во наредните години ќе го зголемиме нашиот производствен капацитет за да бидеме подготвени за посилна побарувачка на нашите лекови и идни иновации од нашето производство“, информираат оттаму. Инвестицијата ќе го зголеми капацитетот за производство на состојки за лекот за дебелина Wegovy и лекот за дијабетес Ozempic, кој исто така се користи за лекување на дебелината, пренесе Индекс хр.