Данскиот производител на пиво Карлсберг во понеделникот соопшти дека го купил британскиот производител на безалкохолни пијалоци Бритвик за 3,3 милијарди фунти (4,8 милијарди евра) за да се прилагоди на променливите навики на потрошувачите и да го отвори патот за експанзија во Западна Европа.
Карлсберг ќе го надополни својот бизнис со пиво во Британија со производство на безалкохолни пијалоци за да се прилагоди на трендот на намалена потрошувачка на алкохолни пијалоци.
Бритвик продава безалкохолни пијалоци во ОК, Ирска, Франција, Бразил и Азија и работи со PepsiCo на активности за флаширање. Со купувањето на британската компанија, Carlsberg ќе ја зајакне својата позиција во Западна Европа и во нордискиот регион, забележува Reuters.
Данската компанија е основана во 1847 година, а само дваесет години подоцна ги испратија првите пратки пиво во Британија. Во 1970-тите, тие отворија пиварница во Нортхемптон, а во 2020 година ги здружија силите со Марстон во управувањето со мрежата на пабови.
Сега планираат да купат 40 отсто од акциите во заедничкото вложување со пабовите од групацијата Марстон за 206 милиони фунти.
Тие проценуваат дека трансакцијата ќе им заштеди околу 100 милиони фунти во трошоци.