Дарио Витале се повлекува од функцијата креативен директор на Версаче

Откако италијанскиот моден бренд Версаче беше купен од групацијата Прада, Дарио Витале се повлекува од функцијата креативен директор, соопштија извори од компанијата во четврток.

Витале, поранешен дизајнер на модната куќа Миу Миу, ја презеде функцијата креативен директор во март откако Донатела Версаче се повлече од позицијата што ја имаше од 1997 година, кога таа ја презеде по убиството на нејзиниот брат, Џани Версаче, во Мајами.

Витале, кој претходно беше директор за дизајн и имиџ во Миу Миу, ја презеде новата позиција на 1 април, а „Капри Холдингс“, сопственик на „Версаче“, соопшти дека тоа станало официјално на 13 март. Сепак, само неколку месеци по преземањето на позицијата, Витале одлучи да ја напушти компанијата, објавува Анса.