Дата Mастерс и Триглав Живот во деловно партнерство во животното осигурување

112

Македонската консултантска компанија Дата Мастерс  која има свои канцеларии во Скопје и Лисабон и брои над 50+ консултанти кои работат на домашни и светски Data Science проекти во неколку различни домени како што се финансии, малопродажба, телекомуникации и човечки ресурси одлучи да ја збогати програмата на бенефити за вработените токму преку соработка со Триглав Осигурување Живот, што го потврдува сè поголемиот интерес за овој вид на осигурување кај компаниите.

Менаџментот на двете Компании потпишаа договор за стратешка деловна соработка во доменот на животното осигурување, со кој вработените на компанијата Дата Мастерс  ќе добијат проширен бенефициски пакет со вклучено животно осигурување за сите нивни вработени.

Грижата за вработените несомнено е врвен приоритет за компаниите во ИТ индустријата, што може да се согледа преку постојаните инвестиции што се прават во тој дел, односно во збогатување на компаниските програми со бенефити.

„Ни претставува особена чест што компанијата Дата Мастерс нè одбра како партнер кој ќе се грижи за сигурноста на своите вработени. Нашите корпорациски пакети се креирани да допринесат кон добробит на вработените и јакнење на нивната финансиска моќ во клучни моменти, но се препознаени и како бенефит повеќе со кој Компаниите ги зајакнуваат своите кадрови капацитети. Среќни сме што Дата Мастерс ја збогати листата со бенефити за своите вработени, одбирајќи тоа да го стори преку соработка со Триглав Осигурување Живот и сигурни сме дека нејзините членови ќе бидат задоволни со врвниот квалитет на овој бенефит “ – изјави во оваа прилика Вилма Учета Дузлевска, Генерална Директорка на Триглав осигурување Живот АД Скопје.

„Добробитот на вработените е меѓу врвните приоритети на Дата Мастерс. Во таа насока постојано правиме заложби да ја збогатиме понудата за бенефити. Оттаму и мотивот кон веќе постоечката листа да додадеме и полиси за животно осигурување кои им се достапни на сегашните и секако членовите кои во иднина ќе се придружат на нашиот тим. Драго ми е што остваривме ваква соработка со Триглав кои се погрижија да добиеме врвна понуда“ – истакна Филип Петровски, CEO и ко-основач на Дата Мастерс.

Дата Мастерс е основана во 2018 година, со една првична идеја да ја подигне свесноста за носење на бизнис одлуки врз база на податоци и тоа преку уникатна комбинација која опфаќа консалтинг, имплементација и едукација. Како резултат на пристапот и методологијата на работа, компанијата досега има остварено стратешки партнерства со реномирани компании од Македонија, Португалија, Шведска, Швајцарија и САД и комплетирано 60+ проекти.