НЕОДАТА ДООЕЛ Скопје е софтверска компанија која повеќе од 20 години е во сферата на деловеното работење преку:
- Анализа на бизнис процеси (LEAN)
- Проектен Менаџмент (PRINCE 2)
- Архитектура, планирање и програмирање на софтверски решенија
- ICT Консалтинг
- ERP, HR и CRM Консалтинг и имплементација и др.
Клиенти на НЕОДАТА се компании од сите области во индустријата кои се занимаваат со услужни дејности, производство, увоз, дистрибуција и продажба. Но клиенти на НЕОДАТА се и највисоките државни институции, како и банки и осигурителни компании.
Следејќи ги трендовите во деловниот софтвер, НЕОДАТА во 2014 година потпиша договор за партнерство со белгиската компанија ODOO (OpenERP), која е светски лидер во софтверот за менаџирање на деловните процеси и тоа во Cloud.
ODOO како светски бренд може да се пофали со 2 милиони корисници низ целиот свет. Овој податок ги прави најбрзо растечка заедница на задоволни корисници, присутни на сите континенти.
НЕОДАТА како компанија со огромно искуство во потребите на македонските компании за софтвер за деловно работење, нуди софтверски пакет за мали и средни претпријатија dataKing Cloud, во кој се интегрирани ODOO модулите за Односи со корисници & Продажба & Фактури, CRM & Sales & Invoicing.
Зошто dataKing Cloud?
- Квалитетен е и достапен
- dataKing Cloud се базира на ODOO, белгиска платформа која има 2 милиони корисници во целиот свет
- Без инвестиција во лиценци (Windows, бази на податоци или сл.)
- Добивате поддршка која НЕОДАТА ја нуди на сите свои корисници, а притоа и следење и имплементација на македонските закони во деловното работење.
- Бројот на кориснички пристапи може да расте неограничено. Софтверот дозволува дефинирање на различни нивоа на пристап до податоците, за секоја група на корисници (на пример продажба, менаџери, сметководство и сл.)
- Можноста за модуларна надградба на софтверот со нови функционалности е брза и едноставна.
- dataKing Cloud софтверот ќе му овозможи на Вашиот бизнис да расте.
Зошто токму пакет: Односи со корисници & Продажба & Фактури?
- Секоја компанија, дали е нова и сега започнува да го развива својот бизнис или работи повеќе години, со импровизирани електронски алатки и програми, има потреба за брз пристап до податоците за клиенти, за побарувања и обврски. Овој пакет токму тоа го нуди.
- Податоците за корисниците(клиентите) се на едно место и веднаш достапни од било каде.
- Календарот (Роковник) Ви е на располагање за ефикасно планирање на времето на секој корисник на системот поединечно, но и од менаџерскиот поглед може да се види за сите состаноци на сите корисници од компанијата. Вака лесно се планираат и закажуваат состаноци и се пополнува роковник со отсуство на грешки и несакани препокриени обврски.
- Постои интеграција со Вашиот mail.
- Понуда или фактура може да изготвите и испратите додека пиете кафе на Вашата пауза. На mail на Вашиот клиент, кој ќе се запамети во системот, ќе стигне прикачена понуда или фактура во pdf формат.
- Вашето лого и генералиите на компанијата се појавуваат на секој документ.
- Документите кои ги издавате може да се на англиски, во колку Вашиот клиент така претпочита.
- Евиденцијата на влезните фактури и сметкопотврди ја креира целокупната обврска во Вашето работење.
- Богат reporting system.
- Можност за креирање на ad-hoc извештаи со комплексни филтери за приказ кои сами можете да ги поставувате. (На пр. вкупна продажба на избран производ, по месеци, или вкупна обврска за ДДВ за определен месец и сл.)
- Презентација на графикони, пити и дијаграми.
Што значи софтвер во Cloud?
Облакот означува достапност. Достапност од било кој уред, било каде во светот, без никакви претходно инсталирани софтвери единствено со интернет пребарувач.
Облакот Ви овозможува да започнете да го користите dataKing ВЕДНАШ.
- Не ви е потребна инвестиција во хардвер, бидејќи можете да го користите својот мобилен телефон.
- Без инвестиција во лиценци (Windows, бази на податоци или сл.)
- Без грижа и трошоци за backup (сервери или backup уреди, не се потребни) – Ние се грижиме за тоа.
- Пристап до апликацијата од било каде, преку web browser, без потреба од инсталирање на дополнителен софтвер, од смартфон, таблет, лаптоп или PC.
Она што го добивате со dataKing Cloud на НЕОДАТА е многу повеќе и е засновано на 20 годишно искуство во развој и имплементација на софтвер за деловно работење, развивано преку бројни успешни проекти во ERP, CRM, HR, но и во многу други области. Експерите од НЕОДАТА Ви стојат на располагање за реализација на сите Ваши идеи.
Идејата на НЕОДАТА да го понуди dataKing Cloud на македонските компании, како достапен и исклучително квалитетен софтвер за деловно работење, води кон раст и развој на целата бизнис заедница, како и свесност за новите технологии и следење на светските трендови.
tel: +389 55 11 968