Давос подготвен за Светски економски форум

124

Во Давос, швајцарскиот град  на Алпите, наредната недела ќе биде одржан јубилејниот 50 Светски економски форум којшто ја собира економската, политичката и социјалната елита, објави Анадолија.

Организаторите потврдија дека годинашниот Форум ќе се одржи од 21 јануари до 24 јануари.

Во соопштението, коешто го пренесува турската агенција, се вели дека на Форумот ќе учествуваат најмалку 3.000 претприемачи, политичари, интелектуалци, активисти и други функционери од вкупно 117 земји.

Фокусот на годинешниот Форум ќе биде градење на хармоничен и одржлив свет, со учество на претседатели и премиери од најмалку 50 земји. Најавено е дека во рамки на Форумот ќе се одржат 400 отворени и затворени сесии, а поканети се американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте, шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, шпанскиот премиер Педро Санчез, турскиот началник Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева и претседателот на Европската централна европска банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

Фото: Pexels