ДЕ-ИНВЕСТ – дел од успешната приказна со раст во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток

106

Во втората половина на 2021, Де-Инвест во партнерство со интернационални компании најавува конкретни инвестиции во Република Македонија, вели сопственикот на консалтинг компанијата ДЕ-Инвест, Беким Земоски.

Присутна речиси 15 години во Македонија, компанијата ДЕ-Инвест чија главна дејност е консалтинг, проектен менаџмент и инвестиции, е дел од групацијата која е присутна во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток.

За пошироката јавност можеби не толку позната, меѓутоа компанијата соработува со голем број меѓународни бизнис клиенти од индустрискиот сектор, ексклузивно застапувајќи ги и помагајќи им во настапот во потенцијалните пазари и всушност со својата експертиза и знаење им нуди нови можности успешно да ги достигнат своите цели.

Компанијата има стратешки партнери во инженерство, енергетика и финансискиот сектор, но нуди и широко портфолио на услуги од областа на стратешки консалтинг.

За успехот на компанијата говори и повеќедецениското искуство на сопственикот Беким Земоски, кој пред основањето на ДЕ-Инвест, има широко претприемачко искуство на раководни позиции за повеќе германски компании, но и како сопственик на консултанска компанија од Минхен, Германија. Конкретно за ДЕ-Инвест, тој вели дека нивната цел е да воспостават мостови и да ги поврзат бизнис партнерите користејќи го нивното сеопфатно искуство во повеќе области, давајќи посебен аспект на потенцијални капитални инвестиции во Македонија.

“Со нашето присуство во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток им помагаме на нашите клиенти ефективно да ги совладаат предизвиците со кои би можеле да се соочат во нивниот делокруг и воедно да ги достигнат нивните цели. Во делот на консалтингот нудиме стратешка и оперативна поддршка при пристап на пазарот, локална оперативна поддршка, но и целосно застапување на фирми. Благодарение на поддршката која ја нудиме, секојдневно сме сведоци на резултатите кои ги достигнуваат нашите клиенти, а нашата цел е и да продолжиме да делуваме во оваа насока“, изјави Беким Земоски.

“После приемот на Република Северна Македонија во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, очекуваме во втората половина на 2021 година инвестиции на реномирани фондови и во капитални проекти. ДЕ-Инвест активно е вклучена во овој процес како дел од интернационален конзорциум“, додаде тој.