Децата со Даунов синдром ќе добијат бесплатни медицински прегледи во Ре-Медика

23

downПо повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, Ре-Медика се вклучува со поддршка на лицата со овој синдром. Акцентот на поддршката оваа година е на децата со истиот синдром кои ќе добијат бесплатни медицински прегледи. Носител на активности со кои се одбележува овој ден, под мотото Сите во ист свет живееме е Центарот за Даунов синдром.

„Навистина се за поздрав заложбите што ги прави Центарот за Даунов синдром, ние како Ре-Медика, како и другите здравствени и институционални субјекти можеме и треба да се вклучиме во поддршка на нивната работа за да го олесниме животот на овие лица. Исто така, треба да се влијае за менување на јавната свест за лицата со Даун, затоа што тие се способни за истите работи како и сите ние а нивната волја е многу посилна од нашата. Тие се дел од нашиот свет и за тоа треба да бидеме благодарни заради нивната храброст, истрајност и упорност“, изјави Елица Јорданова, генерален директор на Ре-Медика.

Во текот на следните денови децата со Даунов синдром ќе добијат бесплатни медицински прегледи. Најчести проблеми со кои се соочуваат се мускулоскелетни промени, слаб тонус на мускулите, потешкотии во когнитивниот развој и се со покревка здравствена состојба од другите. Тоа е единственото што ги издвојува овие личности. Секоја личност со Даунов синдром е единка сама за себе и може да грижи за себе и да води самостоен живот.

Ре-Медика се јавува како долгогодишен партнер на Центарот за Даунов синдром со поддршка на нивните активности. За своите заложби и посветеност, приватната општа болница доби и благорадница.