Deep Space Industries планира да вади руда од астероидите

46

dsi 2Американската компанија за истражување на вселената, Deep Space Industries (DSI) ги обелодени своите амбициозни панови за вадење руда на астероидите.

Компанијата овјави дека во 2015 година планира да лансира неколку мали сателити наречени FireFly во мисија на истражување на астероидите во потрага по руда, а една година подоцна би ги лансирала леталта DragonFly, кои три до пет години би собирале материјал од астероидите.

DSI планира со комерцијални операции да започне до 2020 година, а очекуваат првите клиенти да бидат научници и приватни колекционери.

Бизнис планот на компанијата се темели на проширување на партнерството, лиценцирање и под-договори, примамувајќи брендови кои веќе спонзорирале авантури во вселената, како Red Bull и Google, да инвестираат во флотата FireFly, откако DSI ќе изнесе докази за издржливоста на концептот.

Целиот овој проект има неколку недостатоци. Не е јасно како компанијата планира да ги врати примероците на Земјата. DSI сака овој проблем да го заобиколи со тоа што наместо да се враќа на Земјата, рудата од астероидите ќе остане да се употребува во вселената, како гориво за комерцијалните сателити, пазар во кој гледаат потенцијал.

Но, освен проблеми од техничка природа, постојат и правни проблеми, затоа што не е јасно на кој начин компаниите би добиле право на вадење руда од вселената. Експертите се сомневаат и во исплатливоста на целиот овој проект. НАСА моментно работи на мисијата Осирис-рекс која би требало да започне во 2016 година, ќе чини околу една милијарда долари, а на Земјата во 2023 година би требало да донесе 60 грама од извадениот материјал.

Во непосредна близина на Земјата се документирани околу 9.000 астероиди, а веројатно ги има со илјадници повеќе, за кои се верува дека изобилуваат со минарално богатство, како платина, злато и минерали што се ретки на Земјата. Единствен проблем на компаниите кои сакаат да се занимаваат со “вселенско рударство” е да се најдат финансии за нивните потфати и изводливи методи за вадење и враќање на овие минерали на Земјата.

dsi 1

 

dsi 3