
Близу 8.500 работни места официјално има на домашниот пазар на труд. Бројката варира и во одредени месеци се доближува до скоро 10.000. Македонија веќе се соочува со дефицит на квалификувана работна сила и овој проблем од акутен стана хроничен. Неодамна беа усвоени законски измени кои го таргетираат пазарот на труд – административни олеснувања за вработување на странци и зголемување на бројот на странски државјани кои ќе можат да работат на „државни проекти“.
„Квотата за странски државјани не може годишно да надминува 5% од населението на РСМ кое законски е вработено, според податоците на ДЗС“ – стои во законските измени.
Според последните достапни податоци од Заводот за статистика во земјава се регистрирани 702.410 вработени. Пресметката на „Локално“ покажува дека максималното исполнување на годишната квота од 5% би значела привремени вработувања на околу 35.120 странци. Дефицитот на работна сила стана голем проблем за домашниот бизнис поради повеќе причини – траен одлив на кадар во странство, сезонски вработувања на наши државјани во земјите од опкружувањето, особено во Грција, Хрватска, Словенија, а во изминатите години проблемот се заостри и поради почетокот на градежни работи на повеќе автопатски делници за што се потребни поголем број на работници од различни профили.
Целиот текст на Локално.мк











