Дејвид Бекам инвестира во лондонски старт – ап

110

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација, Дејвид Бекам, влегува во виртуелниот свет како косопственик на лондонскиот старт – ап Guild Esports.

Од Guild Esports, со седиште во Лондон, најавуваат започнување на академија за играчи, но исто така и формирање на тимови во различни еспорт арени, вклучувајќи ги Rocket League, EA Sports, FIFA и Fortnite.

“Имаме визија и сакаме да поставиме нов стандард, поддржувајќи ги играчите во иднина. За време на мојата кариера имав доволно среќа да играм со фудбалери на врвот на нивните кариери и ја видов од прва рака страста и посветеноста потребни за врвен резултат. Ние сме посветени на негување и охрабрување на талентирани млади играчи преку нашите академски системи и со нетрпение очекуваме да му помагаме на нашиот тим на Guild Esports да расте“, рече Бекам.

Финансиските детали за инвестицијата на Бекам не се објавени, но Financial Times објави дека тој ќе стане вториот најголем акционер на Guild Esports.

Фото: Facebook