Главната улога во новата реклама на Луи Витон му припадна на музичката легенда Дејвид Боуви.
Краткиот филм насловен Покана за патување (L’Invitation au Voyage), дело на Ромејн Гаврас, нема да биде објавен до крајот на неделава, но модната куќа Луи Витон неодамна пушти кратко видео, како предвесник за филмот.
Дејствието се случува во Венеција, а во сцените се појавува познатиот црвено бел балон од претходното Патување, каде главна улога имаше американскиот модел Аризона Мјуз.
Режисерот на краткиот филм неодамна соработуваше и со други луксузни компании, како Диор, за која ја сними црно белата реклама за парфемот Dior Homme каде главната улога ја имаше ѕвездата на Twilight, Роберт Патинсон.