Декартов квадрат – лесен начин за донесување тешки одлуки

461

Декартовиот квадрат е едноставен, но многу ефективен метод кој може да ви помогне да донесете тешки одлуки.

Идејата е да се понуди можност за анализирање на било кој проблем или ситуација од различни агли, и тоа само со одговарање на четири прашања.
Дадете искрени одговори на следните прашања:

1. Што ќе биде доколку се случи тоа? (Што ќе добијам од тоа?)

2. Што ќе биде ако тоа не се случи? (Дали сè ќе остане исто? Кои се предностите ако не сторам нешто?)

3. Што нема да се случи ако се случи тоа?

4. Што нема да се случи ако тоа не се случи?

Бидете внимателни со овие прашања – мозокот ќе се обиде да ја игнорира дуплата негација и вашиот одговор може да биде сличен на првиот. Не дозволувајте тоа да се случи.

Зошто овој метод е толку ефективен? Кога сме во ситуација која бара да донесеме тешка одлука, често се заглавуваме на првото прашање – Што ќе се случи ако се случи тоа?

Така, Декарт ни овозможува со помош на квадратот еден ист проблем да го погледнеме од четири различни страни, со што се донесува добар и свесен избор.