Декоративни шари, природни бои и органски форми

580

Дигитален принт на ќерамички плочки со рачно исцртани цветни елементи во различни бои. Ви претставуваме два нови декора претставени преку два материјала: кујнска плотна и влагоотпорна оплеменета иверка.

glavna

Влаго-отпорна иверка

Лицето на влагоотпорната иверка е изработено од ист материјал како и плотната, а тоа е високо пресуван ламинат (ХПЛ фолија со дебелина од 1 мм) врз кој е употребена специјална дигитална технологија за печатење на декорот. Ламинатното лице, заедно со влагоотпорното јадро прават еден издржлив композитен материјал кој би нашол широка примена во ентериерното уредување. Покрај очигледната примена како ѕидна облога (како замена за плочките), во кујната може да се употреби и како вратичка или страница на некој елемент, со цел да се задржи мотивот во кујната. Исто така, погодна за ентериерни решенија во купатилата.

d001-1

d001-2

Шифри на влаго-отпорна иверка

Кујнска плотна

Кујнската плотна е со стандардна длабочина од 600 милиметри. Дизајнот го сочинуваат три реда плочки по 200 милиметри. За разлика од стандардните кујнски плотни каде горната ламинатна фолија целосно го обвиткува предниот дел на плотната и содржи одреден радиус,  кај новите плотни предниот дел е засечен и машински искантиран со АБС трака со дизајн на бела и распукана ќерамика, дизајн кој дополнително се вклопува со основата на плочките.

d002-1

d002-2

Шифри на кујнска плотна

Можеби изгледот на дезенот е рустичен, но тоа денес претставува модерна уметност, додавајќи возбудливи декоративни шари, природни бои и органски форми, елеганција и убавина во модерните ентериерни домови.

d001-d002

footer