Декоративни закачалки за вашата спална соба, бутик или канцеларија

233

Не секоја спална соба може да се пофали со пространост и поголем избор за распоред на ентериерниот дизајн. Но, постојат соби кои претставуваат предизвик за секој дизајнер на ентериери, соби кои отвораат можност да прераснат во нешто посебно, соба каде фантазијата и реалноста се спојуваат да создадат уникатно катче за забава и одмор, изговор да се излезе вон границите на традиционалното.

glavna

Описите ги сместува прикажаните закачалки како функционални и декоративни елементи во спалната. Сепак, ако пробаме да размислуваме надвор од рамките, можеме да дојдеме до решенија во кои овие дизајнерски дела ги сместува како привлечна декорација во Вашиот бутик или канцеларија.

PISOLO

Направете ја Вашата спална соба практично место за престој и одмор. Со помош на закачалка Pisolo постигнете визуелно поудобен простор каде, на прв поглед, владеат чистотата и беспрекорната подреденост на работите. http://vitrina.com.mk/?p=4902

pisolo

BOBO

Ретко кој би се снашол во неуредна и пренатрупана соба со алишта. Благодарение на функционалноста која ја нуди закачалката Bobo, можеме засекогаш да заборавиме на хаосот во собата. Секогаш скромна во својот дизајн, дарежлива во својата функционалност. http://vitrina.com.mk/?p=4907

bobo

TULIPAN

Наспроти нејзината совршена елегантност и фрапантен дизајн, закачалката Tulipan ги задоволува и функционалните и естетските барања. Замислата за создавање на уреден простор во комбинација со нешто несекојдневно и посебно, конечно може да стане Ваша реалност. http://vitrina.com.mk/?p=4894

tulipan

SCACCO MATTO

За оние кои „несвесно“ ги оставаат работите онаму каде што ќе стигнат, дојде мигот да вратите се на свое место. Ако сте мажена жена сигурно ви се случува Вашиот сопруг да ги остава неговите алишта каде ќе стигне, на подот, на креветот, врз комодата,… Со Scacco Matto и Вам конечно ви се насмевнува среќата. Закачалката во облик на шаховска фигура и новите правила на однесување ќе бидат одлична дополна во Вашата спална соба.
Направете го вистинскиот избор со декоративната Scacco Matto и ставете крај на нередот. http://vitrina.com.mk/?p=4884

scacco

footer_vitrina