Дел од бензинските станици САД без гориво

15

Бензинските станици долж американското источно крајбрежје остануваат без гориво како последица од хакерскиот напад што предизвика запирање на сите операции и предизвика загриженост поради пораст на цената на бензините.

Од компанијата Colonial Pipelinе, што важи за една од најмоќните американски компании за дистрибуција на нафта и нафтени деривати, е соопштено дека продолжуваат со анализа на ефектот од привременото запирање на операциите и дека се работи на обновување на услугите, но не е потврдено кога работата на компанијата ќе се врати во нормала.

Colonial Pipelinе дневно дистрибуира околу 2,5 милиони барели гориво од своите рафинерии на крајбрежјето на Мексиканскиот залив до потрошувачите во источните и централните делови на САД.

Фото: Pexels