Дел од добивката на Ветекс ќе се реинвестира, остатокот оди во резерви

63

veteks veles

Компанијата за производство на предиво и конец, Ветекс од Велес донесе одлука за распоредување на остварената добивка во 2014 година.

“Остварената добивка во финансиската 2014 година, во износ од 9.962.710 денари, се распоредува во акумулирана добивка за идни инвестиции и набавка на опрема, односно реинвестирана добивка од 9.386.233 денари и законски резерви 5% од 576.477 денари“, се вели во одлуката.