Делчо Крастев е нов Претседател на Управниот одбор на Уни Банка

Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИБанка) преку Македонска берза информира дека Согласно одлуката на Надзорниот одбор донесена на седницата одржана на 15 мај 2026 година, за нов Претседател на Управниот одбор е избран Делчо Крастев.

Крастев, кој досега беше активен член на Управниот одбор, официјално ќе ја преземе новата функција од 1 јуни 2026 година.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор:

Надзорниот одбор на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на седница одржана на 15.05.2026 година го избра членот на Управниот одбор Делчо Крастев за Претседател на Управниот одбор на Банката, сметано од 01.06.2026 година.