Делегација од Загреб во посета на Алкалоид

21

poseta-alkaloid

Фото: Facebook

Делегација од канцеларијата на хрватската метропола, предводена од градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, во рамки на посетата на Скопје за време на УЕФА Супер Купот 2017, оствари работна посета на Алкалоид AД Скопје.

За време на работната средба, Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на УО на Алкалоид, го запозна Бандиќ со работењето и резултатите од работењето на Алкалоид АД Скопје, како и деловните операции на компанијата на хрватскиот пазар, каде производите на Алкалоид се присутни речиси половина век.

По обиколката на производните капацитети на Алкалоид АД Скопје, Милан Бандиќ изјави: Кога една компанија успеала цели осум децении да се одржи на европскиот и да допре до светскиот пазар, тогаш нејзин главен гарант е единствено високиот квалитет. Навистина сум воодушевен од она што имав можност да го видам низ производните погони на Алкалоид и сега ми е сосема јасно зошто кога ме боли глава, веднаш посегнувам по Кафетин.

Од Кабинетот на загрепскиот градоначалник истакнаа дека бизнис и пријателските релации помеѓу Мукаетов и Бандиќ, пред сѐ се базираат на заедничката страст која ја имаат кон работата и грижата кон вработените, како неизбежен предуслов за напредок и успех.