Delhaize не се повлекува од Србија

63

Delhaize

Белгискиот трговски ланец Delhaize Group не планира да се повлече од Србија, најави генералниот директор на Delhaize Србија, Џон Кирицис. Тој за агенцијата Бета изјавил дека Србија за оваа група е еден од главните пазари, пренесува Seebiz.

Според него, планот на Delhaize групата е да биде број еден на пазарите на кои работи, а тоа не бил случај во Црна Гора, Бугарија, Албанија и БиХ. Овие пазари не биле исплатливи, затоа групата се повлекла од таму и одлучила да се фокусира на Србија.