Деловната активност во еврозоната се зголеми во април поради закрепнувањето на услужниот сектор

14

Деловната активност во еврозоната порасна во април бидејќи силното закрепнување во услужниот сектор ги компензира слабите перформанси во индустријата, објави S&P Global во истражувањето.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) во приватниот сектор на еврозоната порасна во април за 1,1 поен во однос на март и изнесува 51,4 поени, што е показател за раст на активноста, покажуваат прелиминарните пресметки на Хамбуршката комерцијална банка (HCOB), кој составува извештаи за S&P Global.

„Еврозоната добро започна во вториот квартал.

Трендот треба да се прошири и во наредните месеци, имајќи ја предвид зголемената побарувачка за услуги во изминатите два месеци, што се претвори во „храбри“ планови за вработување, посочуваат од S&P.